После деценискиот прогрес кинеската армија „е мошне блиску да оствари технолошки паритет со американските операциски системи и планира да постигне технолошка супериорност“ во однос на воениот потенцијал на САД, се наведува во најновиот извештај на Центарот за нова американска безбедност.
– Драстичниот растеж на кинескиот технолошки потенцијал го следи растот на нејзината економија. Советскиот Сојуз никогаш не можеше да парира, уште помалку пак да ја надамине технолошката супериорност на САД, но тоа можеби не е случај за Кина – се вели во извештајот.
Се укажува дека Кина на почетокот се обидела да ја „компензира“ предноста на САД работејќи на балистички проектили чиј дострел може да го надмине оној на американските ракети. Потоа, се свртела кон новите технологии како ИТ (информациски технологии), суперсонични оружја и преоктили кои можат да ја онеспособат американската одбрана.
– Не е случајно тоа што најновите ловци на Кина го имитираат дизајнот на американските ловци „Ф-22 Раптор“ и „Ф-35 Лајтинг 2“, или тоа што некои од нивните беспилотни летала се чиста копија на дроновите „Предатор“ и „Рипер“ – се наведува во извештајот.
Иако САД за одбрана трошат речиси трипати повеќе од Кина – дури и откако оваа земја драстично ги зголеми своите трошоците за одбрана, последните воени напори на САД откриваат дека „при некои веројатни сценарија Америка може да биде победена од кинеската војска“. Извештајот заклучува дека „секоја страна бара подобрување (на својот воен потенцијал), но не одлучува оној со најдобра воена технологија, што покажува чија војска е најмоќна, туку оној кој може да ја стави оваа технологија во корист на своите стартешки и тактички планови“.