Шпанската полиција со силен удар за нарко пазарот: Заплени дури пет тони кокаин

166

Шпанската полиција разби криминална група која внела кокаин во земјата преку шпанското пристаниште Алхесирас, соопшти денеска полицијата.

Криминалната група дејствувала во Кадиз и Севиља.

Уапсени се 32 лица и запленети 4,8 тони кокаин како и шест милиони евра во готовина.

Конфискувани се 87 имоти вредни 16 милиони евра. Истрагата за случајот започна во 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...