САД најавија демарш за Русија поради инцидентот во Тихиот Океан

119

САД денеска најавија дека ќе поднесат формален дипломатски протестен демарш за Русија поради, како што велат, небезбедниот и непрофесионален морнарички маневар на еден од руските борбени бродови во Источното Кинеско Море.

Претходно, за инцидентот при кој за малку дојде до судир на воените бродови на САД и Русија, Москва го обвини Вашингтон.

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД Патрик Шенехан пред новинарите во Пентагон рече дека руската и американската војска ќе разговараат.

– Секако дека ќе им упатиме демарш, но за мене безбедноста е најважна, истакна тој.

Претходно Руската Пацифичка флота соопшти дека Москва вложила протест со командата на војската на САД откако, како што тврдат, американски крстосувач го попречил минувањето на разорувачот „Адмирал Виноградов“, приоѓајќи му на околу 50 метри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...