Рама за објавените „бомби“:Тоа е кал што опозицијата го фрла врз Албанија

91
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Албанскиот премиерот Еди Рама ја обвини опозицијата дека на германскиот весник „Билд“ му доставила материјали од досијето 339,кои се однесуваат на прислушувани разговори, за тоа „како се купуваат гласови во Албанија во полза на владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама“.

На средба со граѓани во Тирана, Рама сето ова го отфрла, смета дека е жртва на заговор и директно го обвинува поранешниот албански претседател и премиер и екс лидер на опозициската Демократска партија Сали Бериша велејќи дека е човек кој „фрла кал врз Албанија надвор од границите“.

-Ја направија парче Албанија без причина. Плаќаат, пишуваат, се расфрлаат со написи насекаде. Секаде има опозиција,но ни една држава нема ваква несреќа како што е Сали -обвини Рама.

Тој, пред утрешниот осми „национален протест“ на обединетата опозиција, повтори дека локалните избори ќе се одржат на закажаниот датум, 30-ти јуни.

И градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој се трка за втор мандат, смета дека во ниту една земја во светот не се случува она што се случува во Албанија, каде опозицијата не сака избори.

-Во секоја земја во светот, опозицијата едвај чека да учествува на избори, а тука е комплетно спротивното,-рече Велиај.

Во врска со ситуацијата во Албанија,според тиранската телевизија Ора њуз, премиерот Еди Рама во интервју за италијанското списание „Oggi“,изјавил дека ЕУ е едниствено место каде Албанија ќе го најде најголемиот политички мир и програма што ја замислила неговата земја.

На крајот од разговорот, Рама вели дека и покрај тоа што се шпекулира дека „Албанија е земја во која владее организираниот криминал, Италија го зазема прво место“.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...