Британската премиерка Тереза Меј денеска официјално ја извести КОнзервативната партија дека поднела оставка на местото претседател на партијата.
Со тоа започна трката за нејзин наследник, кој ќе биде и следен британски премиер.
Меј ќе остане премиер и ќе ја врши должноста претседател на партијата додека пратениците и членовите на Конзервативната партија не изберат нов лидер, во изборниот процес кој ќе трае неколку недели.