Владата ќе потроши околу 77.000 евра за гуми за „мерцедесот“ и за други возила

661

Владата набавува гуми за своите стандардни, но и за блиндираните возила.

Според јавно достапната документација, објавена на електронскиот систем за јавни набавки, предмет на договорот е во два дела и тоа набавка на пневматици за стандардни моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 700.000 денари и набавка на пневматици за блиндирани моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 3.300.000 денари.

Вкупната сума на набавката е 4.720.000 со ДДВ или околу 77.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...