Македонските туристички можности на Саем во Тирана

Саемот е од затворен карактер, само за средби меѓу приватниот сектор, не и за посетители, а учеството на македонската делегација го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

85

Шест ко-изложувачи од Македонија, хотелиери и угостители денеска и утре учествуваат на Саемот за туризам во Тирана.

Саемот е од затворен карактер, само за средби меѓу приватниот сектор, не и за посетители, а учеството на македонската делегација го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Земјава во Тирана се претставува втора година по ред, но првпат учествуваат и две општини, Охрид и Струга.

– За саемот во Тирана АППТ изработи флаер на албански јазик во кој се промовираат дестинациите Скопје, Битола, Охрид, Струга и ски центрите низ Македонија. Македонскиот штанд е на 40 метри квадратни со репрезентативен изглед кој ги доловува туристичките карактеристики на нашата земја – вели директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски кој ја предводи делегацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...