Антикорупциска комисија ќе испитува како Министерството за култура ја доделува државната награда „Св. Климент Охридски“.
Пријава за ова поднела универзитетска професорка, која претходно била наставничка. Во пријавата таа навела дека по правило оваа награда од 4.000 евра треба да ја добиваат учители и професори, но наспроти тоа таа завршува кај функционери, како ректори и декани. Иако пријавата не е против конкретни лица, антикорупционерите одлучија да отворат предмет и да испитаат по кои критериуми се доделува оваа награда, кој одбор одлучува, каква е постапката итн.
За таа цел Комисијата ќе бара документи од Министерството за култура и пример од една постапка на доделување на наградата од 2018. година за да се види целата процедура.