Наместо Брегзит, ексик за Тереза Меј

295
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Британската премиерка Тереза Меј денеска официјално ќе поднесе оставка од лидерската позиција во Конзервативната партија и од премиерската функција.

Меј (62) беше именувана за премиерка на Велика Британија во јули 2016 година, веднаш по референдумот на кој Британците со 52 отсто од гласовите се изјаснија за напуштање на Европска Унија.

Британскиот Парламент трипати го отфрли Договорот за Брегзит, за кој Меј со месеци преговараше со Брисел. Таа беше принудена да го пролонгира Брегзит неколку пати, а последниот утврден рок за излегување на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври.

Меј оставката ја најави на 24 мај по низата обиди да ги убеди пратениците да го прифатат договорот за Брегзит. Таа на лидерската позиција на Конзервативната партија ќе остане сѐ до именување на нов партиски лидер, што е предвидено до крајот на јули.

Меѓу 11 кандидати за премиерското место, за сега фаворит е Борис Џонсон, пратеник од Конзервативната партија, кој беше градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата. Тој беше еден од главните заговорници на Брегзит.

ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...