Повеќе од 3.000 адвокати во Хонгконг одржаа протестен марш против предложениот закон за екстрадиција.
Според тој закон, обвинетите лица ќе може да се праќаат на судење во Кина, а последниот британски гувернер го окарактеризира како „ужасен удар“ на владеењето на правото.
Адвокатите, кои беа облечени во црно, се движеа од Врховниот апелационен суд до седиштето на локалната власт.