Колумбиската пејачка Шакира во Шпанија е обвинета за затајување данок од 14,5 милиони евра. Имено, наводно, Шакира не ги платила давачките за добивките коишто ги остварила во периодот од 2012 до 2014 година.
Во обвинението се наведува дека сопругата на фудбалерот Жерар Пике, прикрила приходи преку 14 различни компании во земјите од така наречениот даночни оази.
Поп-ѕвездата избегна десетици новинари, фотографи и телевизиски камери во зградата на судот, влегувајќи низ гаражите. Обвинителството ја поднесе тужбата лани во декември, во време додека Шакира живеела во шпанската покраина Каталонија.
Нејзин претставник за медиумите изјави дека пејачката до 2015 година не живеела во Шпанија, како и дека сите даночни обврски ѝ се подмирени.
Вторпат во два месеца Шакира треба да се појави на суд, откако во мај беше обвинета за плагијат на песната „La Bicikleta”. Обвиненито е отфрлено и е утврдено дека Шакира е невина.
ФОТО: EPA / Luca Piergiovanni