Москва е подготвена да реагира реципрочно ако Европската унија почне да ги укинува санкциите, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со челниците на водечките светски медиуми на Економскиот форум во Санкт Петербург.
– Ако тоа се случи, ние секако го поздравиме. Преземаме чекори за да се најдеме на половина пат, рече Путин.
Во исто време, тој истакна дека „ништо такво не се случува”.
– Мислам дека Европската комисија неодамна одлучи да ги продолжи санкциите кон Русија за уште една година, ако добро се сеќавам, рече Путин, додавајќи дека ништо не се променило.
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM