Се затвора најголемиот пазар за кучешко месо во Јужна Кореја

79

По преговори меѓу локалните власти и продавачите на месо од кучиња, донесена е одлука за затворање на најголемиот таков пазар во Јужна Кореја, што се наоѓа во Пусан, објави Кореа Тајмс.

Новиот урбанистички план за Бусан предвидува областа на поранешниот пазар да биде претворена во парк, поради што се одржаа преговори меѓу локалните власти и продавачи на кучешко месо.

Продавачите на месо, вкупно 19, се согласија да го затворат својот бизнис до 11 јули 2019 година. Локалните власти ветија дека ќе платат сума од 2700 долари за компензација на месечна основа до декември 2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...