Маслинките се исклучително здрави, а многу е пишувано и за маслиновото масло.Маслинките имаат многу малку калории, а богати се со железо, бакар и витамин Е. Одлични се за проблеми со варењето, го снижуваат високиот крвен притисок и добри се во борба против болките и кашлицата, па дури и против ракот.
Иако не е вообичаено на нашето подрачје да се пие чај од маслинки, тоа битребало да се смени бидејќи станува збор за напиток кој помага за намалување на високиот притисок, а некои го сметаат и за замена за зелениот чај.
Пиењето чај од листови од маслинки, кој е инаку и многу вкусен, ќе го спречат настанувањето на кардиоваскуларни болести, ќе го снижи холестеролот, ќе ви помогне да се ослободите од габичните инфекции и ќе делува антибактериски.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey