Пратеникот и лидер на ПЦЕР, Самка Ибраимоски, ќе ѝ предложи на Владата ненаплатените долгови над 10 години да се избришат од евиденција.
– Со донесувањето на Законот за бришење на каматите од страна на Собранието дојде до забуна кај граѓаните и извршителите нагло почнаа да ги блокираат сметките на граѓаните. Сметам дека ако не ги наплатиле долговите за 10 години, не е начин сега по донесувањето на овој Закон извршителите да пуштаат извршни решенија и ги блокираат сметките на граѓаните. Затоа мислам дека Владата треба да реагира на ова и да преземе соодветни мерки за заштитување на немоќта на граѓаните да ги платат извршните решенија на извршителите без разлика по кој основ – вели Ибраимоски.
Тој како пример кои долгови треба да се избришаат ги наведува тие за струја, за вода, за мобилна телефонија и за заостанати кредити над 10 години од Македонска Банка која е во стечај и други банки слични на оваа.