Шајк се иселила од домот, веќе не е со Купер?

337
ФОТО: EPA / MIKE NELSON

Веќе подолго време се говори за проблеми во врската на манекенката Ирина Шајк и глумецот Бредли Купер, а извори блиски ним откриваат дека сега двојката „се обидува да сфати зошто воопшто се сè уште заедно“.

Шајк, според изворот, веќе се иселила од домот, во кој покрај нив, живее и нивната двегодишна ќерка Леа де Сејн Шајк Купер.

Гласините за проблемите во врската меѓу манекенката и актерот се појавија по филмот „Ѕвездата е родена“ и наводниот близок однос меѓу Купер и неговата колешка од сцената – Лејди Гага. Приказната особено ја зачини нивниот емотивен заеднички настап на доделувањето на Оскарите коешто Ирина го гледаше во публика.

На годинешната Мет гала пак, Ирина Шајк на црвениот тепих се појави сама.

ФОТО: EPA / MIKE NELSON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...