Една од исклучително лековитите билки на оваа планета е и тиквата. Меѓутоа, многу луѓе не ја сакаат. Сепак, таа се користи во медицински цели веќе илјадници години. Тиквата е неверојатен извор на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К, особено нејзините семки кои се богати со омега 3 масни киселини што е пресудно за одржување на здравјето на срцето.
Семките од тиква го намалуваат ризикот од рак на дојка
Шпанските научници потврдиле дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против канцерогените клетки.
Но уште едно истражување, овојпат на германски научници, потврдило дека жените кои поминале низ менопаузата и секојднeвно јадат семки од тиква, имаат за 23 отсто помал ризик од настанување на рак на дојка.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey