Вебер останува претседател на ЕПП

186

Пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент денеска го избра Манфред Вебер за свој претседател, а избра и десетмина потпретседатели, меѓу кои и хрватската пратеничка Дубравка Шуица (ХДЗ), која освои најмногу гласови.

Во изјава за Хина, таа изрази задоволство од резултатот, додавајќи дека бројот на гласовите (145) значи дека нејзината работа е препознаена.

Коментирајќи ја можноста пратеници на ХДЗ да добијат некои од водечките позиции во парламентарните комисии во новиот состав на Европарламентот, таа рече дека ќе биде многу тешко за такво нешто да се изборат, со оглед на помалиот број освоени мандати на овие избори. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...