„Еурокомпозит 11 Октомври“ в понеделник со Владата ќе договараат план за компанијата

157

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретна со претставници на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство и претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата „Еурокомпозит 11 Октомври“ од Прилеп и ги ислуша нивните барања.

Како што соопшти Владата, предложено е в понеделник, 10 јуни, да се одржи состанок во поширок состав. Покрај претставници на Владата, ќе присуствуваат и директорот и останатите раководни органи во „Еурокомпозит 11 Октомври“, претставници на здружението на лицата на кои им престанал работниот однос во фабриката, претставници на синдикатот на вработените во компанијата, како и претставници од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

На состанокот, како што се наведува во дописот, би се разгледале сите барања од сите засегнати страни, ќе се утврдат приоритети и ќе се пристапи кон креирање динамички план за реструктурирање на оваа компанија во државна сопственост.

Премиерот Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски во моментот се на службено патување во Брисел, каде присуствуваат на форум во организација на ЕБОР и поради тоа не биле во можност да се сретнат со нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...