Тамара Стојковска, девојката од бендот „Страна Б“ ВИДЕО

Покрај тоа што е самостоен изведувач, Тамара е член на бендот „Страна Б“ со кој се дел од клупската сцена низ Македонија.

198

Тамара веќе ѝ е позната на јавноста по нејзините клупски настапи. Дваесетдвегодишната пејачка ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсек музичка теорија и педагогија.

Со пеење се занимава од седумгодишна возраст, а освен со музика се занимава и со глума во театарот „Дел Арте“ во Битола.

Покрај тоа што е самостоен изведувач, Тамара е член на бендот „Страна Б“ со кој се дел од клупската сцена низ Македонија, и е дел од професионалниот хор „Про Арс”.

Ова е нејзина прва песна, а претходно имаше неколку преработки на познати песни.

Темата со наслов „Друга ѕвезда“ е со потписот на Давор Нечак, музика и аранжман, и Јосип Коцев кој е автор на текстот и ќе биде промовирана утре. Песната ќе биде пуштена со спот кој е дело на Агон Исмајли и Зубер Красниќи.

Еве дел од нејзините преработки:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...