Хрватската пејачка Северина Којиќ деновиве беше гостинка во емисијата „Во свој филм“ на хрватската национална телевизија, каде проговори за деталите за судењето со поранешниот партнер Милан Поповиќ и борбата околу старателството над синот Александар.
На прашањето како се справува со последиците и околу борбата за старателството, Северина рекла:
– Тоа е тешко. Пет години се мачам и одам по разни институции. Не сакам да разговарам за причините. Немам доверба во институциите иако верувам во судот. Но, некои наши социјални служби воопшто не работат. Не се виновни поранешните партнери туку институциите кои тоа го дозволуваат – рекла пејачката.
„Улогата на мајка е најважна во животот и непотребно е да зборувам за тоа. Имам среќа што сум мајка на едно прекрасно суштество“, додала Северина.