Атина го повикува Берлин на преговори за германските воени репарации за двете светски војни

120

Со испратена Вербална нота, грчката влада ја повикува германската влада да дојде на преговори за решавање на отворените прашања со барањата на Грција од Германија за исплата на воените репарации и оштети од Првата и Втората светска војна, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, по упатствата од алтернативната шефица на грчката дипломатија, Сиа Анагностопулу, нотата, до германското МНР ја доставил амбасадорот на Грција во Берлин, а овој дипломатски чекор е во продолжение на одлуката на Парламентот на 17 април кога со широко мнозинство беше изгласан предлогот Грција да ги бара долговите од Германија.

– Грчката барања се однесуваат обесштетување и репарации за штетите што ги претрпеа Грција и нејзините граѓани за време на Првата и Втората светска војна, за воени репарации за жртвите и наследниците на жртвите на германската окупација, за отплата на окупаторскиот кредит на окупацијата и враќање на украдените и нелегално отстранети археолошки и други културни добра. Грчката влада ја повика германската влада на преговори за практично задоволување на конкретните барања, што е од особено значење за грчкиот народ, како морално и материјално прашање, соопштуваат од грчкото МНР.

Грчкиот Парламент на 17 април дискутираше и гласаше врз основа на извештајот на Интерпарламентарниот Комитет од 2016, според кој, Грција бара воени оштети за материјалните катастрофи и кражби, воени репарации за жртвите и роднините на жртвите, отплата на окупаторскиот заем и враќање на украдените археолошки и црковни богатства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...