Американската телевизиска серија „Чернобил“ остварува рекордна гледаност, а со тоа се зголемува и желбата на туристите да ја посетат електраната, каде се случи најголемата светска нуклеарна катастрофа во Чернобил.
Една чернобилска туристичка агенција бележи пораст од 40 проценти во резервациите од почетокот на серијата, чиe емитување почна во мај и наиде на позитивни критики во јавноста.
Минисеријата прикажува што се случило по експлозијата, операцијата за чистење на подрачјето и истрагата за несреќата.
FOTO: Printskrin