Што правите со искористеното масло?

Сите знаеме дека употребеното масло никако не би требало да го истураме во одводите или во тоалетната шолја. А што да правиме со него?

669

Некои често јадат пржена храна, други ретко или речиси никогаш, но дури и еднаш да испржите нешто, останува проблемот со искористеното масло.

По пржењето на храна во длабоко масло, за жал, многу луѓе сѐ уште искористеното масло го истураат во садопер или во тоалетна шолја што е голема грешка, ако не за друго, тогаш затоа што и сосема мали количини масло во одводите можат да направат големи проблеми.

Маслото со време може да ги затне цевките што доведува до небезбедни услови за живот, како и до скапи поправки. Употребеното масло исто така, не може да се користи за компост затоа што може да привлече штетници и да ја извлече влажноста.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...