Ракување со тупаница: Чудниот поздрав на Трамп со кралицата Елизабета! ВИДЕО

Откако фотографиите биле објавени, поедини корисници на Твитер тврделе дека Трамп не покажал почит на адекватен начин кон Елизабета Втора.

657

Велика Британија посла кралски црвен тепих за американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот. Го прими кралицата Елизабета Втора со која се ракуваше на, малку е да се каже, необичен начин за државничка средба.

Иако на фотографиите кои ги објавија медиумите изгледа како Трамп да се обидува да ја поздрави кралицата со допирање со тупаници, тоа било само малку чудно ракување, пишува американската агенција АП. Како што наведува, откако фотографиите биле објавени, поедини корисници на Твитер тврделе дека Трамп не покажал почит на адекватен начин кон Елизабета Втора.

Меѓутоа, уредникот на кралскиот магазин „Меџести“, Џо Литл, вели дека наводниот обид за поздрав со тупаница бил сасамо „невообичаено цврсто ракување“. Литл објаснува дека изгледа поинаку поради чудниот агол на камерата и забележува дека Трамп се придржувал кон протоколот, бидејќи прво не му подал рака на кралицата, но чекал да го стори тоа.

Меѓутоа, уредникот на кралскиот магазин „Меџести“, Џо Литл, вели дека наводниот обид за поздрав со тупаница бил само „невообичаено цврсто ракување“. Литл објаснува дека изгледа поинаку поради чудниот агол на камерата и забележува дека Трамп се придржувал кон протоколот, бидејќи тој прв не ѝ пружил рака на кралицата, туку чекал таа да го стори тоа.

FOTO: AFP/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...