Шеф на австралиска фирма за изработка на сметководствен софтвер открил едноставен тест што го користи секојпат кога прави интервју за новиот член на компанијата. Трент Инес не вработува никој кој не го положил неговиот тест со шолја кафе, бидејќи верува дека тоа покажува повеќе за ставот отколку кое било прашање.
Всушност, секој кој нема да успее, се става на црната листа на компанијата.
– Секогаш ќе ве однесам во една од нашите кујни и некако секогаш ќе завршите со шолја кафе. Потоа, продолжуваме понатаму. Една од работата која секогаш ја гледам на крајот на интервјуто е дали личноста празната шолја ќе ја врати назад во кујната. Можете да развиете разни вештини, можете да стекнете знаење и искуство, но сè се сведува на ставот, а ставот за кој тука зборувам е нашиот концепт „измијте ја својата шолја за кафе“ – објаснил Инес.
Тој тврди дека овој трик функционира и дека кујните во нивните канцеларии секогаш се многу чисти.
– Тоа е, всушност, само гаранција дека луѓето навистина се вклопуваат во културата во нашата фирма – заклучува тој на крајот.