Трамп: Москва информираше дека повлекла најголем дел од своите луѓе во Венецуела

235
ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека руската влада ги информирале САД дека повлекла „најголемиот дел од своите луѓе” од Венецуела.

Според американски медиуми, засега не е јасно како Кремљ ги пренел информациите до САД или кој персонал го отстраниле од Венецуела, каде што администрацијата на Трамп се обидува да го собори претседателот Николас Мадуро и неговиот режим.

Волстрит џурнал во неделата објави дека рускиот државен конгломерат Ростекпостепено го намалил својот персонал во Венецуела на десетици од околу 1.000 кои претходно работеле таму. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...