Најмалку 52 лица беа ранети во Чикаго од кои осуммина им подлегнаа на повредите, со што овоj викенд е најкрвав во оваа година. Тоа го соопшти локалната полиција.
– Две жени биле прободени со нож со што бројот на жртви во градот во викендот е 10 – изјави шефот на чикашката полиција Еди Џонсон.
Во првите 12 часа од викендот бил повреден 31 човек. Полицијата одзела 81 илегално поседувано оружје и уапсила 19 лица.