Шведски суд денеска одлучи да не бара притвор за основачот на Викиликс Џулијан Асанж поради наводни обвиненија за силување.
Како што објави порталот „Локал”, тоа значи дека Обвинителството веднаш нема да побара екстрадиција од Британија.
Таа судска одлука во округот Упсала не значи дека прелиминарната истрага во Шведска ќе биде прекината, туку дека Асанж нема да биде екстрадиран и дека може да биде испрашан во Велика Британија.