Весникот „Њујорк тајмс“ во напис посветен на политичките случувања и протестите во дел од земјите на Западен Балакн, наведува дека Арапската пролет пред речиси осум години, има „мали шанси да се повтори во балканскиот регион и покрај серијата протести и можни бунтови кои може да се организираат во регионот“.
Според весникот, авторитарните лидери на Балканот кои се подготвени да го прифатат кршењето на демократијата ја имаат поддршката на Западот,
„Епидемијата на протести која веќе неколку месеци ја окупира Албанија,како и протстите во некои земји во регионот има мала надеж да произведат балканска револуција како што поминуваат месеците и се приближува туристичката сезона“, констатира весникот.
Обработувајќи ја оваа тема „Њујорк тајмс“го анализира,како пто се наведува, бунтот на граѓаните во Тирана, но исто така и во Црна Гора, Србија или Босна и Херцеговина.
Задржувајќи се на случајот со Албанија, новинарот Марк Сантора потсетува на неколкумесечните протести кои се организираат за заминување на шефот на албанската извршна влада, Еди Рама.
„Во Албанија, демонстрантите се собираат со месеци, па дури и се обидуваа да влезат во Владата и Парламентот, барајќи оставка од премиерот Еди Рама, кого го обвинуваат за корупција и манипулација со изборите во 2017. Сепак, власта на Рама, која е поддржана од САД и Европската унија, се чини дека останува неоспорена“, констатира весникот.
И покрај бранот протести во земјите од регионот, во статијата се наведува дека најголема загриженост за европската извршна власт останува третирањето на заканите од порастот на националистичките и екстремистчки идеологии.
„Претставниците на Брисел сметаат дека примарен интерес за Балканот е политичката стабилност, дури и ако тоа подразбира послаби демократски институции“, наведува весникот.
Според „Њујорк тајмс”, овие европски ставови во текот на зминатте седмици го намалиле ентузијазмот на граѓаните за „евентуален колапс на водачите обвинети дека се балкански деспоти“, меѓу кои и албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ, или босанскиот, Милорад Додик.
ФОТО: EPA/Pawel Supernak