„Србијаводе“ со вонредна одбрана од поплави во целата земја

73
20130226 Tuesday 1428 Shtip Stip poplavi poplava

Србијаводе денеска воведе вонредна одбрана од поплави на територијата на цела Србија, изјави за Танјуг директорот на компанијата Горан Пузовиќ.

Вонредната одбрана е воведена поради актуелните прогнози за пораст на водостојот на територијата на Србија, кои ги издаде Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Најавено е дека се очекуваат значајни врнежи кои можат да предизвикаат излевања и поплавувања на сливови на сите речни текови на сите водни подрачја во надлежност на ЈВП Србијаводе, соопшти компанијата.

На некои подрачја, според известувањата добиени од надлежните служби, веќе се евидентирани излевања и поплавувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...