Силен земјотрес од 6,2 степени на Суматра

185

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на островот Суматра во Индонезија, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Сиболга, но засега нема податоци за евентуална материјална штета.

Не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...