Кандидатите за американска виза ќе треба да обезбедат податоци од социјалните мрежи, пишува БиБиСи.
Стејт департментот отсега ќе им налага на подносителите на барања за американска виза, да ги предадат и нивните кориснички имиња на социјалните мрежи, старите е-мејл адреси и телефонските броеви за период од пет години.
Според новите правила речиси сите кандидати за американски визи ќе треба да достават детали за своето присуство на социјалните медиуми, пренесува „АП“.
Медиумите пренесуваат дека новите правила се однесуваат на речиси сите барања за добивање на имигрантска или неимигрантска виза.