„Ќе објавам дека влегувам во претседателската трка за втор мандат, во присуство на првата дама Меланија, потпретседателот Мајк Пенс и втората дама Карен Пенс, на 18 јуни во Орландо, на Флорида, во „Амвеј центарот“ кој има 20.000 места. Придружете ни се на историскиот митинг“, напиша Трамп на Твитер.
Тој притоа приложи линк до неговата официјална веб-страница каде што можат да се купат билети за овој настан.
На линкот е наведено дека со регистрирање со приложен мобилен број можат да се купат две карти, но не се наведува нивната цена.