Комерцијална банка оствари добивка од 820 милиони денари

Дел од добивката ќе биде поделена како дивиденда а дел за резерви за зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката.

205
20150911 Friday 1035 komercijalna banka

Комерцијална банка ја заврши 2017 година со бруто-добивка во износ од 912,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 91,9 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 820,5 милиони денари.Оваа информација ја потврдиле денеска и акционерите на Годишното собрание.

Акционерите одлучиле дел од нераспределената добивка во износ од 820,5 милиони денари да биде распределена за дивиденда за обични акции во висина од 18 отсто од номиналната вредност на акцијата, односно по 180 денари на една акција.

За зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 410,3 милиони денари, да се издвои во резерви.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2017 година, беше избрано друштво за ревизија и усвоен Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...