Германскиот амбасадор во Приштина иронизира со Брнабиќ: Германците ги обожаваат шумите

538
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Германскиот амбасадор во Косово, Кристијан Хелд упати ироничен коментар на изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека косовските политичари се „дојдени од шумите“, порачувајќи дека „Германците ги обожуваат шумите“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хелд на Твитер објави сопствена фотографија со дрвја во позадина, проследена со коментарот „Германците ги обожаваат шумите, се гледаме во следната“.

Изјавата што ја даде Брнабиќ во присуство на шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Сем Фабрицио, дека Белград го плаши тоа што во Косово има работа „со луѓе кои се дојдени од шумите“, предизвика остри реакции во Приштина, при што српската премиерка е обвинета за расистички говор.

На изјавата реагираа повеќе косовски политичари и неколку странски дипломати, како и официјален Брисел, кој побара од сите да се воздржуваат од навредлива реторика.

Портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчиќ, во изјава за косовските медиуми рече дека „секоја реторика која е навредлива, конфронтирачка и предизвикува делби, оди против кооперативниот пристап и помирувањето, што му се потребни на регионот за да чекори напред“.

Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли соопшти дека на српската премиерка, поради таа навредлива изјава ѝ се забранува влез во Косово.

ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...