Цеца ѝ подари на Анастасија подарок вреден 10.000 евра! ФОТО

Цеца кај својот пријател, златарот Небојша Бојовиќ нарачала уникатен ѓердан, кој на ќерка си ѝ го подарила за роденден.

885

Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, организирала прослава по повод својот 21. роденден, а оваа година одлучила сама да ги покрие трошоците за гламурозната прослава.

Откако успешно ја гради музичката кариера, Анастасија станала финансиски независна, па Цеца одлучила да ѝ приреди едно изненадување.

Цеца кај својот пријател, златарот Небојша Бојовиќ нарачала уникатен ѓердан, кој на ќерка си ѝ го подарила за роденден. Тоа е ѓердан од бело злато со дијамант, чија вредност достигнува 10.000 евра.

– Цеца никогаш не штедела кога се работи за нејзините деца. Многу е горда на Таса, бидејќи израсна во сериозна девојка која умее да се грижи сама за себе. Затоа и се воодушеви кога ќерка ѝ соопшти дека сама ќе ја финансира својата прослава – вели изворот.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...