Индустриското производство порасна за 7,9 отсто

Во секторот „рударство и вадење на камен“ во април во однос на истиот месец лани производството бележи пораст од 3,5 отсто, во „преработувачка индустрија“ пораст од 4,5, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 18,6 отсто.

78

Индустриското производство во април годинава порасна за 5,5 отсто во однос на минатогодишниот април, а во првите четири месеци од годинава порастот изнесува 7,9 отсто во споредба со истиот период од 2018 година, објави Државниот завод за статистика.

Во секторот „рударство и вадење на камен“ во април во однос на истиот месец лани производството бележи пораст од 3,5 отсто, во „преработувачка индустрија“ пораст од 4,5, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 18,6 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во април во споредба со минатогодишниот април бележи пораст кај „енергија“ за 20,6 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,7, „капитални производи“ за 2,4, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,4 и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,6 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...