Концерт на акробатски музичари на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

329

Како придружна содржина од 56. Драмски аматерски фестивал (ДАФ), во Кочани  гостуваа акробатските музичари Филип Тејлор и Гранета Фотиу кои настапија на неколку сцени низ градот.

– За да ја донесеме уметноста, културниот живот овде, во Кочани, фестивалот го изнесовме надвор, во паркот пред Центарот за култура, каде  се прикажуваат и театарски претстави коишто имаат еден вид акробатско-карневалски карактер. Овде првпат  е актерката од Грција, Фотиу, и Американецот Тејлор. Тоа се акробатските музичари Гранета Фотиу и Филип Тејлор, кои настапувале во Истанбул, во Атина. Тие настапија е пред пазарџиите во Кочани, бидејќи веројатноста дека тие луѓе ќе дојдат на Фестивалот е многу мала и тоа беше фантастичен настан, соопшти Дарко Спасов, претседател на Управниот одбор на ДАФ.

Според Спасов, Драмскиот аматерски фестивал ќе добие на квалитет и интерес кај публиката само ако се зголемува соработката на регионално, национално и на меѓународно ниво, со партнерства коишто можат да ги движат културата и уметноста напред.

Драмскиот аматерски фестивал завршува утре, кога ќе бидат доделени наградите на најуспешните претстави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...