Политичар се расплака кога дозна дека добил само 5 гласа, а има деветчлено семејство ВИДЕО

Во интервјуто што го дал, Нету го известиле дека добил само пет гласови, а она што најмногу го погодило е фактот што тој има деветчлено семејство.

348

Независниот кандидат Нeту Шутеран Вала на неодамна одржаните избори во Индија, каде гласаа над 900 милиони гласачи, освоил само 5 гласа.

Во интервјуто што го дал, Нету го известиле дека добил само пет гласови, а она што најмногу го погодило е фактот што тој има деветчлено семејство. Во еден момент, политичарот дури и се расплакал.

– Санток Синг Чаудри води во Џаландар, а со нас е независниот кандидат Нету Шутеран Вала. И така, само пет луѓе гласаа за вас – му рекол новинарот во воведниот дел од интервјуто.

„Господине, иако имам деветчлено семејство, добив само пет гласови“, му рекол тој на новинарот. На прашањето дали тоа значи ни дека членовите на неговото семејство не гласале за него, Шутеран бил речиси сигурен дека станува збор за измама.

Сепак, на крајот се утврдило дека новинарот (свесно или несвесно) излажал и дека Нету добил повеќе од пет гласови – поточно, 856 гласови. Тој резултат и понатаму бил многу лош, но е, сепак, за околу 150 пати подобар од оној кој што му бил кажан.

 

FOTO: Skrinsot/Jutjub

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...