Здравко Чолиќ ја сака мистериозната Сандра 18 години, како успеала да го освои

Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна во Макарска...

1080

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ денеска го слави 68. роденден. Миленикот на женската публика на подрачјето на бивша Југославија не старее и важи за една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња. На пејачот, кому со децении на сцената му долетале илјадници градници и кој и натаму освојува со својот ненадминлив шарм, последните 18 години живее повлечено со сопругата Александра Чолиќ.

Таа никогаш до сега не се појавила во јавност. Речиси никој не знае како изгледа сопругата на Чола, а истото важи и за неговите ќерки Уна и Лара , кои Здравко ги добил во бракот со Александра.

Во интервју Здравко раскажува како Александра успеала да го улови најголемиот заводник во регионот.

– Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна во Макарска. Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, а со текот на времето започнавме врска. Ме освои со едноставноста и приврзаноста. Ми се посвети, мисли за мене, се грижи за мене – раскажал пејачот за Александра.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...