Ердоган ќе ја олабави забраната до Википедија за Турција да тргне кон ЕУ

95

Турција останува приврзана на својата определеност за членство во Европската унија, иако европскиот блок не ги исполни своите ветувања, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Најавувајќи серија правосудни реформи, Ердоган посочи дека ќе бидат забранети само „проблематичните“ делови од веб страниците, наместо целосна забрана за пристап.

Онлајн енциклопедијата Википедија е блокирана во Турција од 2017 година, согласно законот кој им овозможува на властите да забранат пристап до веб страниците кои се сметаат за заканата по националната безбедност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...