Лавров: Курилските острови се суверен дел од руската територија

158
ФОТО: EPA-EFE / SERGEI ILNITSKY

Токио бара Москва да се воздржи од воени активности во јужниот дел од Курилските Острови, изјави денеска јапонскиот министер за одбрана Такеши Иваја по руско-јапонскиот разговор во формат „два плус два“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека руската војска спроведува редовни активности на јужните Курилски Острови, кои според него се, суверен дел од руската територија.

– Што се однесува на руските воени активности на северот на територијата (термин кој се користи во Јапонија за јужниот дел на Курислските Острови), известив за нашата загриженост во врска со тоа и повикав на воздржаност, истакна Иваја.

– Како одговор на тоа, го повторивме нашиот став дека руските оружени сили се активни на своја суверена територија и имаат право тоа да го спроведуваат врз основа на меѓународното право, потенцира Лавров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...