Со 25.000 евра ќе се поправа пештерата на Тито во Дрвар

Оштетувањата на тој споменик настанаа од силното невреме, што се случи неодамна.

165

Владата на Босна и Херцеговина денеска одобри 25.000 евра за санација на пештерата на Тито во Дрвар.

Федералното министерство за околина и туризам се обрати за помош до началникот на Општина Дрвар, за да се обезбедат средства за санација на пештерата во рамки на Спомен-комплексот „25 мај“.

Оштетувањата на тој споменик настанаа од силното невреме, што се случи неодамна.

Во пештерата над Дрвар, еден период во Втората светска војна беше сместено седиштето на Врховниот штаб на партизанските единици и нивниот командант Јосип Броз Тито.

Во мај 1944 година, Дрвар беше место на големи битки кога германските окупаторски единици извршија десант со цел да го уништат партизанското раководство, пред се да го убијат или уапсат Тито, на чиј роденден, на 25 мај, беше извршен нападот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...