„Еуролинк осигурување“ како дел од алумни-заедницата на Правниот факултет „Јустинијан Први“

141

Првата донаторска забава на алумни-заедницата и заедницата на пријатели на Правниот факултет„Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа во вторникот.

Донаторската забава беше наменета за собирање средства за модернизирање на студентските простории: читалницата, амфитеатрите, предавалните, сè во интерес на унапредување на условите за работа на сегашните и идните генерации студенти.

Повеќе од сто поранешни студенти на Правниот факултет, а сега веќе носители на политички функции, истакнати адвокати, нотари и извршители, успешни менаџери во приватниот сектор, се собраа на оваа забава за несебично да ја дадат својата поддршка во унапредување на условите за студирањето на сегашните и идни студенти, но и да се навратат на безгрижните студентски денови.

„Еуролинк осигурување“ како истакнат поддржувач на образованието ја даде својата поддршка со 900.000 денари, додека претседателот на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“, г-ѓа Олга Костовска, лично донира 300.000 денари.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...