Лери Спиринг (69) и Беки Смит (61) кои пред 10 години се запознале во супермаркетот во американското гратче Лоуер Барел, одлучиле таму и да се венчаат, пишуваат американските медиуми.
– Информација до купувачите: венчавка во одделението 13 – било објавено преку разглас во супермаркетот.
Двојката, со кумовите, роднините и пријателите, се венчала меѓу конзервите со моркови и грашок, во делот од супермаркетот во кој пред 10 години се запознале.
Беки раскажала дека тогаш била вработена во истиот супермаркет во Пенсилванија.
Еден ден и пришол Лери, се насмевнал и и дал лист хартија со своето име, презиме и бројот на телефонот.
Беки и Лери рекле дека го одбрале 1 април, односно велигденската недела за ден на венчавката, бидејќи е блиску до двата датуми кои се значајни за нив: Лери слави роденден на 2 април, а Беки на 3 април.
Покрај тоа посакале „едноставна“ венчавка во мал круг на пријателите и роднините.
Матичарот рекол дека тоа му е прва венчавка во продавница со мешовита стока, а нејзиниот сопственик Џорџ Тимонс рекол дека е многу среќен што на двојката им ја исполнил желбата.