Поради скандалот околу тврдењата дека бил во врска со Натали Портман, Моби ја откажа промоцијата на своите мемоари.
Имено, Моби (53), чие вистинско име е Ричард Мелвил Хол, прво во книгата под наслов „Then It Fell Apart“, а потоа и објавувајќи фотографии на Инстаграм, тврдеше дека пред 20 години бил во врска со глумицата, кога таа имала помалку од 20, а тој 33 години.
– Бев ќелав и пиев повремено, а таа беше убава филмска ѕвезда. Но, беше тука, во мојата соблекувална и флертуваше со мене. Јас имав 33, а таа 20 години, но тоа беше нејзин свет. Неколку седмици се обидував да ѝ бидам момче, но не успеав. Морав да ѝ кажам дека паниката ми е премногу неудобна околу тоа да бидам во врска, но една вечер таа ми се јави на телефон и ми рече дека запознала некој друг. Ми олесни, бидејќи сепак не морав да ѝ кажам колку сум оштетен – пишува Моби во мемоарите.
Таа по тој повод изјави дека тој е „чуден постар човек кој кон неа се поставил прилично морничаво“.
– Нашето познанство не беше врска. Неговото сеќавање е како на чуден постар човек кој кон мене се поставил многу морничаво. И немав 20, туку 18 години. Бев тинејџерка и штотуку завршив средно образование – истакна Портман.
Таа тогаш ги искритикува и неговите издавачи, оти поради алчноста за заработка на пикантерии, не ги провериле фактите пред книгата да оди во печат.
Потоа, Моби на Инстаграм минатиот викенд ѝ се извини на глумицата, но и на читателите за тоа што претходно не им кажал што ќе пишува во мемоарите, а сега, како што стои и на неговата официјална интернет-страница, тој ја прекинува и турнејата за промоција на книгата.
– Прифаќам дека, со оглед на разликата од речиси 14 години, секако требаше да бидам многу поодговорен и со поголема почит кон времето кога се запознав со Натали, – објави тој.
ФОТО: EPA / NINA PROMMER