Моментот на судирот во Будимпешта, бродот потонал за 7 секунди (ВИДЕО)

Се бараат околу 20 патници, меѓутоа, шансите дека ќе бидат пронајдени преживеани се сѐ помали.

2446

Унгарската полиција на конференција за медиуми покажала ново видео на судирот во Будимпешта во кој настрадаа најмалку седум лица.

Се бараат околу 20 патници, меѓутоа, шансите дека ќе бидат пронајдени преживеани се сѐ помали.

На снимките од камерите може да се види како огромниот крузер „Викинг сигин“ се удри во туристичкиот брод „Сирена“.

Бродот се превртел и потонал. Полицијата наведува дека бродот потонал за околу седум секунди.

ФОТО: Јутјуб / Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...