Подрачјето околу пазувите често може да ви праќа знаци на предупредување поврзани со здравјето, само ако обрнете внимание на нив.
Најчесто, промените под пазувите укажуваат на хормонска неурамнотеженост и проблеми со лимфата, кои главно настануваат кога телото се бори против инфекции. Многу од овие знаци поминуваат незабележани, а можат да откријат што се случува во телото.
Обрнете внимание на следниве пет знаци:
1. Непријатен мирис
Ова најчесто го сметаме за вообичаен проблем што го решаваме со користење дезодоранс. Но доколку непријатниот мирис под пазувите е исклучително силен и упорен, можно е да се работи за проблеми со штитната жлезда или за хормонални промени.
Ако мирисот потсетува на расипано овошје или лак за нокти, можно е да се работи за кетоацидоза, која се јавува кога телото ќе ја изгуби способноста да го преработува шеќерот.
Ако и покрај редовната хигиена чувствувате исклучително непријатен и силен мирис под пазувите, препорачливо е да одите на лекар, бидејќи постои можност да се работи за предијабетес, па дури и дијабетес.
2. Чешање
Иако најчесто се јавува поради повторното растење на влакненцата по бричењето, упорното чешање, особено кога е проследено со црвени точки, може да упатува на габично заболување на кожата. Во овој случај, задолжително одете на лекар.
3. Болка
Болката во пределот на пазувите може да се појави по истегнување или напрегање на мускулите ако сте подигнувале некаков товар или сте имале интензивен тренинг. Оваа болка е периодична и обично брзо исчезнува. Ако болката не поминува, треба да одите на лекар, бидејќи може да биде и знак на потешка повреда, па дури и тумор на лимфниот јазол.
4. Осип
Топлото и влажното подрачје како што се пазувите е идеално за габични инфекции, кои се манифестираат со чешање, црвенило и ситен осип. Од друга страна, осипот под пазувите може да биде и знак на алергија.
5. Оток и воспаление
Благиот оток под пазувите сличен на акните се случува кога фоликулот на влакната ќе зарасне и не може да излезе на површина, како и на другите делови од телото каде што се отстрануваат влакненцата. Ако не се третира на време и на вистински начин, може да доведе до инфекции.
Наместо да го вадите влакното со игла и пинцета, подобра опција е да направите благ пилинг кој ќе го отстрани површинскиот дел од кожата и ќе го ослободи заробеното влакно.
Ако забележите задебелување во пределот на пазувите, можно е да се работи за воспаление на лимфните јазли, кое покажува дека телото се бори со инфекција. Ако задебелувањето не исчезнува по неколку дена или недели, може да се работи за сериозна инфекција, па дури и рак. Во двата случаја, задолжително одете на лекар.