Целодневна дружба со Лепи во галерија „Колектив“

Малку необичен културен настан во галерија „Колектив“, во центарот на градот: денеска на пладне почнува изложбата на ликовниот уметник Љубиша Ивановски Лепи кој ќе твори во живо, а од 17-19 часот во рамките на настанот ќе настапи и бендот „Пеперминт“

179

Денеска, една минута пред пладне почнува целодневната дружба со уметникот Љубиша Ивановски Лепи во галеријата „Колектив“, во центарот на Скопје.

Посетителите ќе имаат можност да ја погледнат изложбата на делата на уметникот, кој е најпрепознатлив по своите слики во кои централно место има кловнот. Оние кои ќе дојдат ќе имаат можност да го видат уметникот како твори на лице место и на крај да бидат сведоци на свеченото затворање на изложбата.

Од 17 до 19 часот во рамките на овој интересен концепт ќе настапи и бендот „Пеперминт“.

Инаку, Љубиша Ивановски Лепи е дел од екипата која работи со фестивалот на документарен филм „Македокс“, а пред две години беше и дел од заедничката изложба на триесеттина македонски уметници од неколку генерации, насловена како „ЗаЕдно“.

Љубиша Ивановски Лепи е познат и како уредник и режисер во првата екипа на шоуто „К-15“, а беше и сценограф во Македонската опера и балет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...